Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари

0
139

Скопјанец вчера околу 13:00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил измамен од непознат сторител кој му се претставил како доктор и му се понудил да и помогне на неговата болна сопруга за одреден надомест.

Како што информира МВР, додека Б.В. (63) од Скопје чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му се претставило како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга. Лицето му понудило дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на Б.В. му земало 12.000 денари. Откако ги земало парите лицето не се вратило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај