Лазаров: Ќе биде психолошки тежок натпревар, но ќе ја имаме громогласната фаланга

0
545

Македонија утре го игра првиот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство кое се одржува во Хрватска.

Нашите момци утре на теренот ќе се сретнат со „Црвената фурија“, а капитенот на Македонија Кире Лазаров вели дека имале три дена за одмор по тешките натпревари во Загреб и влегуваат подготвени во овој натпревар.

-Мислам дека утре фалангата ќе пристигне во голем број, салата за разлика од Загреб е многу помала што значи дека ќе имаме уште погромогласна поддршка. Тоа е многу важен елемент за нас, нема да ни треба дополнителна мотивација, дури треба да се фокусираме да ги контролираме нашите емоции и чувства, да се концентрираме на она што треба да го правиме на терен. Играме против Шпанија која е една од топ 6 репрезентации во свет. Мислам дека имаме шанси да направиме позитивен резултат, ќе биде психолошки тежок натпревар, но ќе направиме се да се фокусираме да пружиме еден добар натпревар и имаме големи шанси да направиме позитивен резултат, вели капитенот Лазаров.

Македонија и Шпанија играат утре (21 јануари) со почеток во 20.30 часот.

Коментирај