Лазања со пилешко месо

0
274

Состојки:
– 300 гр. кори за лазања
– 1 кг. пилешко месо
– 800 гр. домати од конзерва
– 1 морков
– 1 кромид
– 1 глава лук
– 1 лажичка оригано
– 1 лажичка црн бибер
– сол
– 1/2 л. млеко
– 4 лажици брашно
– 4 лажици масло
– 100 гр. кашкавал
– 1 босилек

Подготовка:
Кромидот и морковот исечете ги на мали коцки и пропржете ги во малку масло заедно со мелениот лук. Откако ќе се омекнат додадете го пилешкото месо исечено на мали парчиња. Пржете го месото со постојано мешање се додека не добие златна боја. Потоа додадете ги доматите од конзервата, заедно со нивниот сок (800 гр). Сосот зачинете го со сол, црн бибер и оригано и оставете го да врие на тивок оган околу 20 минути или додека речиси целата течност не испари.
Корите за лазања потоа ставете ги на дното на правоаголната тава и кога ќе го покриете дното, ставете од пилешкото месо. Потоа ставете повторно од корите за лазања и повторно ставете од месото. Повторувајте ја оваа постапка се додека не ги потрошите производите. Лазања полијте ја со сос бешамел, кој ќе го подготвите на следниов начин – во длабока тава ставете го брашното заедно со маслото да се пржи околу една минута. Потоа постепено малку по малку додавајте го млекото со постојано мешање. Оставете го сосот да врие се додека не се згусне. Зачинете го со сол. Лазањата заедно со бешамел сосот ставете ја да се пече 40 минути во загреана рерна од 180 степени.
Непосредно пред лазањата да биде целосно подготвена, посипете ја со ренданиот кашкавал (100 гр.) и вратете ја назад во рерната, за да се стопи и позлати кашкавалот.
Лазањата украсете ја со босилек и сервирајте ја топла.

На здравје!

Коментирај