Лас Палмас со пресврт до победа над Валенсија

0
435

Екипата на Лас Палмас успеа да стигне до победа во 20.коло од Примера откако синоќа ја совлада Валенсија со 3:1, иако гостите водеа со 1:0.

Валенсија поведе со голот на Санти Мина во 21.минута. Џонатан Виера во 42.минута изедначи на 1:1, а по исклучувањето на Ел Хадиди кај Валенсија (51.минута), домашниот тим ја искористи предноста и со головите на Маурицио Лемос во 57.минута и на Кевин Боатенг во 61.минута.

Лас Палмас со 28 бодови се наоѓа на 11.место, додека Валенсија остана на 19 бодови и на 15.место.

Резултати на другите дуели од 20.коло:

Реал Мадрид – Реал Сосиедад 3:0,
Атлетик Билбао – Хихон 2:1,
Еспањол – Севиља 3:1,
Бетис – Барселона 1:1,
Леганес – Селта 0:2,
Еибар – Депотиво 3:1,
Алавес – Атлетико Мадрид 0:0,
Виљареал – Гранада 2:0 и
Осасуна – Малага 1:1.

Табела: Реал Мадрид 46 бодови, Барселона 42, Севиља 42, Атлетико Мадрид 36, Реал Сосиедад 35, Виљареал 34

Коментирај