Лаптоп со шесте најопасни вируси продаден за 1,34 милиони долари

0
136

Стар преносен компјутер со шесте информатички вируси кои се сметаат за најопасни во светот на информатиката и ја симболизираат опсаноста која демне на интернет оваа недела беше продаден на аукциско наддавање за 1,34 милиони долари.

Компутерот Netbook Samsung NC10 од 2008 година, кој има Windows XP SP3 систем, не би бил ништо посебен ако во себе ги немаше вирусите ILOVEYOU, MyDoom, SoBig, DarkTequila, BlackEnergy и Wannacry.

Овие компјутерски вируси имаат предизвикано најмалку 95 милијарди долари штета во период од две децении, бидејќи компаниите не беа спремни за нападите кои ги немаа доживеано претходно, вели Гуо О Донг, креатор на ова уметничко дело под наслов „Истрајност на хаосот“.

О Донг се претставува како современ дигитален уметник чии дела ја критикуваат „екстремната онлајн култура“.

Компјутерот за време на наддавањето се наоѓаше во Њујорк, а можеше да се види преку „лајв стриминг“, вклучен, но не и поврзан на интернет.

На купувачот ќе му биде доставен, а тој ќе мора да се обврзи дека нема да го вклучи на интернет за вирусите да не се шират.

Аукцијата беше организирана во соработка со компанијата за информатичка безбедност DeepInstinct.

Коментирај