Лампард откри што му дошепнал Мурињо пред пенал рулетот

0
707

Френк Лампард го оствари својот најголем успех како тренер откако синоќа ги предводеше своите фудбалери на Дерби Каунти до голема победа и сензација на театарот на сонишата.

Легендарниот играч на Челси успеа да го надмудри својот учител, Жозе Мурињо и Дерби излезе како победник во пенал рулетот кој синоќа го гледавме на „Олд Трафорд“, а Лампард по крајот на средбата откри дека добил искрена и срдечна порака од својот поранешен тренер за начинот на кој играл неговиот тим.

– Зборував кратко со Мурињо за време на мечот и се сеќавам дека ми дошепна дека мојот тим покажал навистина одлични перформанси. Навистина го почитувам тоа, не е лесно да се каже тоа во пораз, иако мислам дека тоа ми го дошепна пред пенал рулетот. Обземен сум со емоции, но Мурињо беше многу срдечен, се познаваме многу добро и беше чест да бидам крај него на линијата, истакна Лампард.

Коментирај