ЛАМБУРЏИНИ РУШИ РЕКОРДИ: 2016 година ја заврши со рекордна продажба

0
473

Ламбурџини 2016 година ја заврши со рекордна продажба.

И покрај драстични раст на продажбата под капата Volkswagen, италијанскиот ѕвер сè уште е реткост. Рекордната 2016 година ја завршува со продадени 3.457 автомобили, што претставува зголемување од 7% во однос на претходната година.

За остварувањето на најбројната продажба во 54-годишната историја на компанијата се „виновни“ двата достапни модели Huracan, кој најде пат до 2.353 клиенти, додека пак станатите 1.104 примероци одат на сметка на Aventador, кој во декември минатата година достигна продажба од 6.000 примероци. Притоа, имајте на ум дека Huracan во најевтината варијанта чини околу 200.000 евра, додека Aventador чини двојно поскапо.

Да потсетиме, во 1999 година, кога Lamborghini пристигна во семејствота на VW имаше продажба од само неколку стотици автомобили. 2003 година беше првата година со повеќе од илјада продадени примероци, а веќе во 2006 година достигна тираж од 2.000 примероци. Но, од Lamborghini очекуваат дека со доаѓањето на Urus продажбата ќе се зголеми двојно.

Претходно, официјални резултати објави и McLaren, кој во 2016 година двојно ја зголеми продажбата. Во текот на 2016 година патот до своите клиенти го нашле 3.286 автомобили.

Другиот британски класик Aston Martin сеуште не ги објави резултатите, а веројатно има продадено околу 3.600 автомобили. И Ferrari исто така излезе со информации за јавноста, но се претпоставува дека не ја надминале границата од 8.000 примероци.

Коментирај