Лалчевска: Грција стои позади сите дипломати кои ги повикуваат Македонците да се откажат од своето име и идентитет

0
1986

За македонкото прашање и македонските права говореше политиколог д-р Вера Лалчевска, во емисијата “60 Минути” на Алфа ТВ. Лалчевска истакна дека Македонците се уценувани во една загадка што е крајно  парадоксална за оваа ера на човековите права. Ера во која правото на самоопределување е толку важно и е запишано во член 1 на Меѓународната договор за граѓанските и политичките права и меѓународната договор за економски, социјални и културни права.

-Апсурдноста на оваа ситуација се зголемува кога сфаќааме дека сите оние кои ги повикуваат Mакедонците да се откажат од од своето име и идентитет  не се дикатори туку дипломати на таканаречени организации кои што требаше да бидат бранители на човековите права  а уште поголема е иронијата кога ќе ги видиме дека Грција е таа земја којашто тајно стои зад сето тоа. Ние го имаме правото на наша страна а тоа е член 1 од меѓународниот договор за политички и граѓански права а таа гласи: Сите народи го имаат правото на самоопределување. Благодарение на тоа право тие слободно го детерминираат нивниот политички статус и слободно ги спроведуваат нивните економски, социјални, и културни развојни политики.  Тоа ќе биде смешно доколку ние самите го прекршиме тоа право кое што е врвно право во било која држава.

Инаку Лалчевска завршува магистарски студии во САД додека докторските студии ги завршува во  Женева Лалчевска исто така работела  и во канцеларијата на Обединети Нации. За преговорите кои се вршат во моментот за промена на името, Уставот и идентитетот на Македонија, Лалчевска констатираше дека сето ова е парадокс.

-Моето мислење е дека преговори никогаш несмеело да има но можеме и ајде да разбереме на некој начин какви биле тогаш околностите , ние сеуште не сме биле застанати на две нозе како држава. Но сега ова е парадокс. Ние да си го смениме идентитетот, името, јазикот за да му помогнеме на некој си политичар во Грција да добие поени, мислам не потенцираше Лалчевска.

За тоа дали ке се промени името во Mакедонија, Лалчевска останува оптимис дека тоа нема да се случи бидејќи како што вели таа, правдата е на наша страна. Таа вели дека македонскиот народ е библиски народ и никој неможе да го избрише фактот дека заради македонците, христијанството се проширило во Европа како што е запишано во Библијата.

-Македонскиот народ не е било кој народ. Значи ние сме еден од единствените во Европа кој што се запишани во Библијата. Ова го кажувам не само што е во делот на Павле каде што на него му се појавил човек од Македонија и му кажал “дојди во Македонија и помогни ни”. Тој дел од Библијата е толку битен што сите Цркви во Америка коишто се African – American да кажам Buptist Church, скоро сите можеби 90% од нив се нарекуваат Macedonia Buptist Church. Значи вие кога ќе отидете во Америка каде што еден голем дел од гласачите се African – American и кога ќе им кажете дека вие сте Македонец , они во вас гледаат ангел рече Лалчевска.

Коментирај