„Лајм“ објави отворено писмо од Кумановската група: Ќе ги следиме Груевски, Мијалков, Јанкуловска и Али Ахмети до крајот на светот!

0
655

Кумановската група преку нивните роднини испратија реакција до Весникот Лајм. Во оваа реакција уште еднаш е наведена хронологијата на настаните во Куманово, а се објаснува и вчерашниот случај, кога беа нападнати Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Исто така се испраќа и остра порака до Никола Груевски, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Гордана Јанкуловска дека „ ќе ги следат до крајот на светот со Канонот на Лек Дукаѓини“.

Во реакцијата се вели дека покрај Ахмети на оваа „листа“ има уште тројца претставници на ДУИ, како и 9 лица од ВМРО-ДПМНЕ. „Само ако ги соберат главните на 12-те семејства и да дојдат тука да паднат на колена и да се заколнат дека не направиле предавство, може да им простиме“, се вели меѓу другото во реакцијата.

Во продолжение Весникот Лајм ја пренесува целосната реакција на Кумановската група:

Во име на Кумановската група

Првично, сакаме уште еднаш да ја разјасниме целта на нашето доаѓање, бидејќи не обвинуваат со разни видови лажни обвиненија. Ние не дојдовме за пари, ниту за бенефиции. Ние дојдовме за да ја реализираме националната цел и поради нереализирањето на Охридскиот Договор. Дојдовме и паднавме во стапицата на предавството на злите луѓе. Војувањето заврши како што заврши. Ни беше ветено дека ОБСЕ ќе нè прими и се предадовме. Во спротивно никогаш немаше да се предадеме. Можеби сите ќе нè убие, но немаше да се предадеме.

Но, предавството се случи. Не малтретираа и ни убија четворица другари откако се предадовме и никој не одговараше за тие работи. Во престрелките беа убиени шест членови на групата, а четворица други беа убиени откако се предадовме. Ова никогаш нема да го простиме. Ако не убиеа во престрелките, никому ништо, бидејќи ние имавме оружје и тие имаа оружје. Но, егзекуцијата со предавство не ја простуваме. Нема да им го простиме ниту малтретирањето што ни го правеа од апсењето па се додека не не осудија.Тие лошотии кои што ни ги направија, не ги забораваме. Ако државата не ги расветли овие злосторства, тие ни се должни според Канонот на Лек Дукаѓини. Затоа што нѐ претепаа и нѐ малтретираа иако се предадовме на беса.Тие мислеа дека ќе останат 1000 години на власт, но никој не останал 1000 години на власт.

Груевски, Мијалков и Али Ахмети можат да одат на крајот на светот, но ние не им простуваме. Знаеме дека сме во затвор и може да нè убијат сите. Но, ако не ги најдеме ние, ќе ги најдат нашите другари и роднини.

Само ако ги соберат главните на 12-те семејства и да дојдат тука да паднат на колена и да се заколнат дека не направиле предавство, може да им простиме. Имаме листа со имиња на 13 лица. Али Ахмети на оваа листа е со 3 други лица од ДУИ. Тој знае кои се тие луѓе. Другите се од ВМРО. Ако сакаат правда, нашата работа мора да се разјасни. Ниту еден полицаец досега не одговарал иако не убиваа и нѐ малтретираа.

Што се однесува на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, Кумановската група ги поддржува Лирим Красниќи и Есат Кафеѓоли. Овој пат ги претепавме затоа што нè испровоцираа . Следниот пат кога ќе ни паднат в’раце, ќе ги претепаме и без да не провоцираат. Тие беа на власт кога ние бевме убивани и малтретирани. Не забораваме.

Коментирај