ЛАЈМ: ДУИ на итен состанок во два часот по полноќ во Мала Речица!

0
578

Синоќа во два часот по полноќ се одржа итен состанок во седиштето во Мала Речица, информираат извори на порталот на албански јазик Лајм.

Според нив, причината за овој итен состанок е скандалот откриен со изградбата на албанскиот театар, каде што, наводно, биле украдени неколку милиони евра.

На средбата не беа поканети сите членови на претседателството, туку само најдоверливите лица на претседателот и неговата десна рака, кој е главниот осомничен во случајот на неколку милионската злоупотреба во албанскиот театар.

Десната рака на претседателот се заканил дека ако заврши во затвор, ќе ги каже имињата на другите инволвирани функционери, не исклучувајќи го ниту името на претседателот.

Во оваа финансиска злоупотреба е вклучена и потпретседателката. За време на состанокот, во Речица, можеше да се забележи зголемено присуство на полициски сили, велат изворите на Лајм.

Извор:lider.mk

Коментирај