“Ла ла Ленд” освои шест Оскари,” Месечина”, најдобар филм во скандалозната завршница на доделувањето на наградите?!

0
505

Мјузиклот “Ла ла Ленд ” освои шест Оскари на штотуку завршената 89-та церемонија на доделувањето на наградите на Американската академија за филмски уметности и науки: за режија, за најдобра актерка, фотографија, музика, песна и сценографија но филмот “Месечина” беше прогласен за најдобар филм.

“Месечина” го доби оскарот за најдобар филм откако презентерите Ворен Бејти и Феј Данавеј направија грешка и го прочитаа  “Ла ла Ленд ” како победник.

Ова се добитниците на Оскар.

Најдобар филм
“Месечева светлина”

Најдобра кинематографија:
“Ла ла Ленд”

Најдобар актер во споредна улога:
Махершала Али (Месечева светлина)

Најдобар документарен филм:
“O.J.: Направено во Америка”

Најдобар странски филм:
“Продавачот”, Иран

Најдобар актер:
Кејси Афлек (Манчестер покрај морето)

Најдобра костимографија:
“Фантастичните ѕверови и каде да ги најдете”

Најдобра оригинална музика:
“Ла ла Ленд”

Најдобра песна:
“Град на ѕвездите“ од „Ла ла Ленд”

Најдобра монтажа на звук:
“Пристигнување”

Најдобро мешање на звук:
“Приговор по совест”

Најдобар краткометражен документарец:
“Белите шлемови”

Најдобра сценографија:
“Ла ла Ленд”

Најдобро оригинално сценарио:
“Манчестер покрај морето ” (Кенет Лонерган)

Најдобро адаптирано сценарио:
” Месечева светлина”

Најдобар долгометражен анимиран филм:
“Зоотопија” на Дизни

Најдобар краткометражен анимиран филм:
“Пајпер” на Пиксар

Најдобра актерка во споредна улога:
Виола Дејвис (Прегради)

Најдобра филмска монтажа:
“Приговор по совест ” (Џон Гилберт,)

Најдобра актерка:
Ема Стоун “Ла ла Ленд”

Најдобар режисер:
Демјиен Шазел за “Ла ла Ленд”

Најдобри визуелни ефекти:
“Книга за џунглата”

Најдобра шминка и фризура:
“Самоубиствен одред”

Најдобра краток филм:
“Пеј”

Коментирај