Квалификации СП 2018: Германија продолжува со победите

0
208

Фудбалската репрезентација на Германија продолжува со максималниот учинок во квалификациите за Светското првенство 2018 откако синоќа како гостин ја совлада Чешка со 2:1. Покрај Германија победи на досегашните седум натпревари постигнаа и фудбалерите на Швајцарија.

Резултати на синоќа одиграните дуели:
Ц група: Чешка – Германија 1:2, Норвешка – Азербејџан 2:0, Сан Марино – Северна Ирска 0:3.
Табела: Германија 21, С.Ирска 16, Чешка 9, Норвешка 7, Азербејџан 7, Сан Марино 0.
Е група: Казахстан – Црна Гора 0:3, Данска – Полска 4:0, Романија – Ерменија 1:0.
Табела: Полска 16, Црна Гора 13, Данска 13, Романија 9, Ерменија 6, Казахстан 2.
Ф група: Литванија – Шкотска 0:3 , Словачка – Словенија 1:0 и Малта – Англија 0:4.
Табела: Англија 17, Словачка 15, Шкотска 11, Словенија 11, Литванија 5, Малта 0.

loading...

Коментирај