Ќулавкова: Продолжува културоцидот започнат со промената на топонимите во Егејска Македонија

0
231

Академик Катица Ќулафкова на својот фејсбук профил постираше предупредување на опасноста до која би дошло како резултат на договорот со Грција. Имено, академик Ќулавкова смета дека со спроведувањето на договорот со Грција може да биде извршено културно уништување на македонската култура преку извртување на историјата.

Познато е дека историските факти некогаш се толкуваат на различен начин (од победниците и од поразените), ама ретко кој се осмелува да ги фалсификува фактите. Ако тоа се направи со историографијата за Македонија, тогаш тоа е флагрантно продолжување на културоцидот започнат со промената на топонимите во Егејска Македонија 20-тите години на ХХ век”, смета академик Катица Ќулафкова една од ретките академици која се спротивстави на раководството ма МАНУ и не се согласи со промената на името на државата и законот за јазици.

Извор:republika.mk

 

Коментирај