Кукулев: Ужаснат сум од информацијата дека годинава нема да се одржи Вардарската регата “Гемиџии”

0
224

Ужаснат сум од информацијата дека годинава (прв пат по речиси 40 години) нема да се одржи Вардарската регата “Гемиџии” – манифестација симбол и ГОРДОСТ на Велес !

Не го прифаќам образложението дека Општина Велес нема 2.000 ( со зборови две илјади евра) за нејзино одржување ! Одлуката ја сметам за штетна, кусогледа,погрешна и директно го засега достоинството на Велес и Велешани каде и да се низ светот ! Одбивам да верувам дека името на регатата “Гемиџии” и симболот што таа го претставува е основен мотив за нејзино укинување !

Најмалку што очекувам е во понеделник портпаролот на Општина Велес јавно да ја образложи оваа погубна одлука на општината ! Велес е град со огромна историја која ниту почнала ниту пак ќе заврши со Декрет на локалниот општинскиот естаблишмент ! Ќе се придружам на секоја иницијатива која ќе им помогне на градските власти да ја увидат грешката и да ја променат оваа несфатлива, штетна и пред се понижувачка одлука за Велес и Велешани !

Screenshot_20180630-173129Ќе ги поддржам иницијативите на спортистите кои се солидаризираат со Здружението “Вардарска регата Гемиџии” и велешките кајакари во зачувувањето на регатата и традицијата на градот што до БЕЗУМСТВО го сакаме!
Kukuleff
Ден : Денешен
Година: Тековна

Screenshot_20180630-172804

FB_IMG_1530372513598

Коментирај