Куќа без домаќин како врата без брава- виетнамски мудрости

0
468
  1. Подобро е да се биде слеп со очите отколку со умот.
  2. Повеќе вреди да се живее беден живот со семејството отколку сам со огромно богатство.
  3. Добриот карактер вреди повеќе од најубавото лице.
  4. Се додека главата е на рамењата, ништо не е изгубено.
  5. Жена без маж е како брод без едра, а дете без татко е како раскрсница без патоказ.
  6. Можете да купите човек за малку пари, но не можете да купите искреност за пари.
  7. Иако бојата на златото е жолта, душата на личноста често поцрнува од него.
  8. Куќа без домаќин – како врата без брава.
  9. Убавите зборови не коштаат ништо, па затоа ги користиме кога станува збор за нечија среќа.
  10. Мечот има само две острици, а јазикот има стотици.
  11. Мекото јаже е цврсто јаже.
  12. Не плашете се од тешкото училиште, тоа никогаш нема да ви остане должник.
  13. Злобата е секогаш наградена со злоба.
  14. Само појдете на лекар, тој веднаш ќе ви најде болест.
  15. Сето знаење на мудреците не е толку вредно колку вековната мудрост на една нација.
  16. Стара школка бисер дава.
  17. Правењето добро е тешко како искачувањето на карпа, правењето на зло е лесно како слегувањето од неа.
  18. Отровот на еден човек ист како отровот собран од десет змии.

Коментирај