И кучињата знаат да лажат за лична корист

0
451

Резултати од неодамнешна студија од Швајцарија покажуваат дека кучињата знаат да лажат за да го добијат тоа што го сакаат од луѓето.

Истражувачите од Швајцарија тренирале 27 кучиња од различни раси со две жени, една која им давала храна како наградa и друга која била строга.

Кучињата требало да одберат две од три кутии во кои имало храна, а само едната била празна. Додека едниот тренер ги наградувала кучињата ако ја погодат кутијата со храна, другата ги оставала без награда.

Тренерот кој им давал храна, кучињата го воделе до кутиите со колбасици, додека другиот тренер, жената која била строга ја носеле до празните кутии во надеж дека со „обратна психологија“ ќе добијат награда.

Коментирај