Крвавиот Исус стана симбол за велигденскиот масакр во Шри Ланка

0
129

Како последица на 8 бомбашки напади на цркви и хотели кои овој католички Велигден во Шри Ланка го направија крвав и го потресоа светот, загинаа најмалку 207, а се повредени над 450 лица.

Пораки на сочувство и поддршка за семејствата на настраданите и за повредените стигнуваат од целиот свет . Во последните неколку часа се споделува фотографијата на која е прикажана статуата на Исус Христос , испрскан со крв.

Статуата , поставена една од трите цркви не е оштетена и за милиони луѓе претставува симбол дека доброто сепак победува.

„Оче, прости им, не знаат што прават”, напиша авторот на фортографијата Рагу Б.

Нападите вчера утрото беа извршени во четири хотели и во три цркви.

Коментирај