Со круна тешка 7,3 килограми на глава – крунисан новиот крал на Тајланд

0
256

Маха Ваџиралонгкорн, новиот крал на Тајланд беше крунисан вчера, а за време на официјалното формално востоличување на главата беше крунисан со 7.3 килограми тешка круна.

66-годишниот Ваџиралонгкорн го наследи престолот во 2016 година, после смртта на неговиот татко Бумибол Адуњадеџ.

Кралот после крунисувањето ја издал првата наредба и ветил дека ќе владее праведно. Церемонијата на крунисување на кралот на Тајланд трае три дена.

Тајланд е уставна монархија, но кралското семејство е многу почитувано во оваа земја и има значајна моќ.

На Тајланд на сила е многу строг закон против критикувањето на монархијата.

Маха Ваџиралонгкорн има богатство кое се проценува на 30 милијарди долари. Пред неколку дена тој се ожени со долгогодишната партнерка, 40-годишната Сутида, заменик командантот на неговата лична гарда и ја прогласи за кралица, наведува „ВВС“.

Снимките од венчавката го обиколија светот, а венчавката, природно е извршена по тамошната традиција која предизвика доста чудење во западниот свет.

Посебно интересна беше сцената каде кралицата лежи покрај нозете на кралот, што се смета за нормално бидејќи на Тајланд кралот се смета за полубожество.

Сутида долго време работела како стјуардеса во компанијата „Thai Airways”.

Потоа се приклучила на кралската гарда, но тоа се што е познато за неа. Се знае дека во 2016 година ја добила титулата генерал.

Инаку Маха Ваџиралонгкорн зад себе има веќе три брака. Има репутација на плејбој и многу суров човек.

Извор: taratur.mk

Коментирај