Кршела се пред себе – Тетовчанка направила драма

0
400

Полицајци лишиле од слобода жена на 47 години откако била пријавена од вработените во Центарот за социјални работи во Тетово за дрско однесување. Таа, според пријавата, упатувала закани и оштетила дел од инвентарот.

-На 19.11.2019, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода М.Ш.(47) од Тетово поради тоа што во 10.25 часот во канцеларија во Центарот за социјални работи – Тетово се однесувала агресивно, упатувала закани кон вработената и директорот, и оштетила дел од инвентарот. Таа била приведена во полициска станица Тетово, инфомираат од СВР Тетово.

Според полицијата, по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: курир.мк

Коментирај