Крокети од компири- Papa rellena

0
128

Иако Papa rellena значи полнет компир, овој популарен оброк во Перу всушност e компир крокет. Првите запишани рецепти за него се од крајот на 19 век, кога француската класична кујна имала силно влијание врз урбаната кујна во Јужна Америка.

Состојки: 
– 1,5 кг. компири
– 20 мл. маслиново масло
– 30 гр. путер
– сол по вкус
За пополнување:
– маслиново масло
– 2-3 чешниња лук (ситно сецкани)
– 1 кромид (ситно сецкан)
– сол и бибер по вкус
– 500 гр. мелено месо
– 50 гр. суво грозје
– магдонос по вкус
– 1 црвена пиперка
– 100 гр. обескостени црни маслинки
– 1 варено јајце
За поховање:
– брашно
– лебни трошки
– 2 јајца
– маслиново масло

Подготовка:
1. Компирите излупете ги и сварете ги во солена вода. Кога ќе се сварат, испасирајте ги и додадете ги маслиновото масло и путерот.
2. Пропржете го лукот со малку маслиново масло, додадете го кромидот, солта, биберот и меленото месо. Гответе 10 минути на средна температура, мешајќи повремено. Откако месото ќе биде подготвено, додадете го сувото грозје, магдоносот, биберот, маслинките и вареното јајце – сите ситно исецкани.
3. Во една чинија измешајте  брашно и лебни трошки, во друга ставете ги јајцата и во трета ставете само лебни трошки. Со помош на лажица земете од смесата со компири , на средината ставете од смесата со меленото месо и затворете во вид на топче. Ставете го топчето во брашното со лебните трошки, па во измешаните јајца и на крајот само во лебните трошки. Пржете ги крокетите во загреано маслиново масло. Се служат заедно со зелена салата.

На здравје!

Коментирај