Кривопаланечкиот кошаркарски ас Јакимовски најефикасен на турнирот „Генерацијата што доаѓа” во Милано

0
359

Во конкуренција на играчи од најдобрите младински екипи од Италијанската кошаркарска серија А, Кривопаланчанецот Андреј Јакимовски кој настапи за екипата на Олимпија Милано беше прогласен за најефикасен играч на турнирот.

Јакимовски втора сезона настапува за ПМС Торино, Италија, а на „Next generation” турнирот, во викендот што измина, настапи на покана на Олимпија Милано како перспективен играч на кој му претстои светла кошаркарска кариера.

Andrej-Jakimovski-NextGen-2

– Самата покана за учество на турнирот ја прифатив како гест на подадена рака од реномираниот Олимпија Милано клуб, а воедно истата дојде како признание и препознавање на мојот учинок во претходната и оваа тековна сезона, за мојот сегашен клуб. Најпрвин, привилегија беше да се биде во елитното друштво на моите драги колеги и соиграчи од серија А тимовите. Турнирот се играше во четири групи, со по четири екипи, јас настапив во групата со Пистоја баскет, Ваноли Кремона и Реџио Емилиа, сите клубови за почит, со одлични играчи, против кои беше чест да се игра, а искуството добредојдено за надградување, изјави Јакимовски.

Andrej-Jakimovski-NextGen-1

На натпреварот против Пистоја баскет Јакимовски, како најдобар стрелец, постигна и 21 поен и 17 скокови, против Ваноли Кремона даде 29 поени и оствари 13 скока,додека на мечот со Реџио Емилиа има учинок од 21 поен и 7 скока, што го вброи во топ четири играчи на турнирот, со највисок коефициент на ефикасност, 39.

Радува фактот да се биде на листата најистакнати поединци на целиот престижен турнир, јас го добив признанието за најкорисен играч, заедно со најдобриот стрелец Матео Паравичини, Алесандро Ариази, најдобар асистент и Елхаџи Тиуоне, најдобар скокач. Привилегија и чест ми беше да бидам дел од целиот настан кој има за цел да промовира талентирани млади играчи, што сметам дека е одлична можност да се покажеме во најдобро светло, додаде Јакимовски.

Andrej-Jakimovski-NextGen-3

Упати благодарност до Олимпија Милано и до матичниот клуб ПМС Торино.

Втора сезона седумнаесетгодишниот Андреј Јакимовски настапува во ПМС Торино, Италија, каде премина од КК Феникс 2010, Скопје, каде пак една ипол сезона играше по седумгодишен тренинг и настап за првиот-матичен клуб КК „Крива Паланка”.

Јакимовски е репрезентативец на Македонија во јуниорската селекција до 18 години, со која летово настапи на Европското првенство Б дивизија до 18 години, што се одржа во Скопје, а на повеќето натпревари беше најдобар стрелец на Македонската репрезентација.

Andrej-Jakimovski-NextGen-4

Коментирај