Крива Паланка во чад и пламен за почеток на предизборна кампања!?

0
1446

По повод 20 мај, Ден на пожарникарите и професионалните спасувачи, Крива Паланка осамна под чад. Дали тоа е случајност или добро планирано, подготвено и реализирано сценарио викендов се прашуваат граѓаните на Крива Паланка .

Во саботата наутро  околу 1 часот и 30 минути  на локалната депонија во непосредна близина на Крива Паланка но исто така и на општината Ранковце, избива голем пожар од кој што огромен облак од чад буквално ја покрива целата долина на Крива Река вклучително и Славичкото поле .

Screenshot_2017-05-21-12-35-35

Огромниот облак од чад и непријатна миризба предизвикува страв и паника кај локалното население но и ги доведува во опасност најблиските населби на депонијата во текот на саботата, ден со исклучително добра временска прогноза и воедно и пазарен ден во Крива Паланка кога значително се зголемува раздвижувањето на граѓаните и посетителите на Крива Паланка .

Од неофицијални извори се дознава дека пожарот кој што избива на депонијата со која што стопанисува ЈП Комуналец од Крива Паланка е подметнат на три прецизно одредени локации на депонијата кои што предизвикуваат опожарување на целата површина на депонијата и дополнително го отежнува пристапот и можностите за локализирање и гасење на пожарот, при што по неколку часовно активно гасење и работа пожарот конечно е локализиран и ставен под контрола.

Сомневањата дека овој настан не е случајност и дека се оправдани сомневањата дека пожарот е намерно подметнат и во функција на политиката ги подгреваат неколку работи.

Првин според изјавите на очевидци и добро упатени на депонијата и претходно се случувале пожари кои претежно се карактеристични за летниот период кога површината е сува со стакло и кога има силно сонце, но секогаш веднаш без поголема тешкотија бил гасен без да помине забележано и проследено со толкав чад и миризба.

За разлика во овој случај според исказите на очевидци пожарот на депонијата избувнал на три различни локации кои предизвикуваат палење на целата депонија што со сигурност наведува на човечки фактор и што го отежнило ставањето по контрола и гасење на пожарот, нешто што никогаш досега се нема случно.

Исто така и тајмингот кога избувнува пожарот одговара на датумот на Светскиот ден на пожарникарите и професионалните спасувачи што се поврзува со многу настани кои симболично “случано“ се имаат случено на дадени датуми поврзани со други важни настани.

Во секој случај доколку сомневањата имаат барем и нај минимална точност треба да се земе во обзир дека некој планира, подготвува и реализира диверзантско субверзивни акции за креирање на паника, страв и револт кон институциите во случајот  ЈП Комуналец и Територијалната против пожарна единица кои по својата поставеност се под управа на локалната самоуправа .

Ако на овие случувања се надоврзат и настаните кои претходат како на пример нападите од страна на СДСМ врз ЈП Комунацел Крива Паланка со креирање на лажни афери за набавки кој понатаму се користат за дневно политички цели и настанот со фарбање на фасадите на Општина Крива Паланка и ЈП Комуналец кој што беше изведен со примена на слична тактика, јасни стануваат мотивите за оваа серија на настани кои треба соодветно да имаат ефект кај гласачите наспроти сите проекти и придобивки за граѓаните реализирани во изминатиот период од страна на локалните власти од ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот со пожарот на депонијата во Крива Паланка е навремено пријавен кај сите надлежни институции и според неофицијални извори на истрагата за подметнување на пожарот постои сомнемие дека е извршен од  неколку лица од потесното раководство на политичката партија која целиот изминат период во континуитет врши напади врз ЈП Комуналец.

Граѓаните со нетрпение ги очекуваат резултатите од истрагата и вистината затоа кој работи за а кој спротивно на нивните интереси.

Коментирај