Криштопанс го напушти Вардар и потпиша за Фуксе Берлин

0
201

Европскиот ракометен шампион, Вардар, веќе подолг период минува низ тежок период, а денес го доби можеби најголемиот удар оваа сезона. Ова се случува само неколку денови пред дуелот со Мотор во Лигата на шампионите.

Најдобриот ракометар на „црвено-црните“ Даинис Криштопанс и официјално го напушти вардаровото семејство и од денед е нов ракометар на германски Фуксе Берлин.

Оваа информација ја потврди и бундеслигашот, откако на социјалните мрежи му посака добредојде на „летонскиот џин“.

Коментирај