КРИМИНАЛОТ ЦВЕТА: Цела година Обвинителството не мрдна ниту педа во истрагата за криминалот во Фондот за иновации

0
699

„Јавното обвинителство за организиран криминал ќе испитува дали Фондот за иновации и технолошки развој направил злоупотреби при доделување на грантови. Откако беа објавени низа скандалозни доделувања пари на фирми чии сопственици се вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Локвенец и други функционери во СДСМ, обвинителство по допрен глас оформи предмет“.

Оваа вест е објавена пред цела година, но и денес ова се единствените информации со кои располага јавноста.

Обвинителството на 23-ти јули 2018-та година информира дека почнува истрага, но во таа истрага не е мрднато ниту со педа, а од резултатите ни трага ни глас.

Затоа ли Заев ја бара Русковска?

Обвинителката Русковска покажува исклучителна брзина во решавање на сличаите кога станува збор за предмети против лица од опозицијата. Од друга страна, случаите во кои треба да се гонат функционери на СДСМ, тапкаат во место. Дали во новоформирано обвинителство Заев ја предлага токму Русковска бидејќи самиот има потреба од неа, да се спаси себеси и неговите најблиски соработници?

Од обвинителството без одговор: До каде е истрагата?

КУРИР побара одговори од Јавното обвинителство за организиран криминал, до каде е истрагата за скандалите во Фондот за иновации.

Но, одговор од таму нема!

Низа скандали кои мора да се расчистат

Фондот за иновации последниве години најспомнуван во јавноста е кога се зборува за скандалите и непотизмот.

На списокот на доделени грантови од Фондот, освен компании на вицепремиерот Анѓушев, се најдоа и фирми на пратеници и донатори на СДСМ меѓу кои претседателот на СДСМ Кавадарци и пратеникот Хари Локвенец.

Бидејќи цела една година не е решен ниту еден од скандалите, потсетуваме што има за разрешување обвинителството.

Милески: Се сомневам дека најголемата корупција и промашеност на Заевата Влада оди преку таканаречениот „Фонд за иновации“ (12.07.2019)

Се сомневам дека најголемата корупција и промашеност на Заевата Влада оди преку таканаречениот „Фонд за иновации“, вели бизнисменот и активист Роберт Милески.

-Убаво би било новинарите да најдат одговор на едно едноставно прашање од јавен интерес – колку пари од граѓаните се вложени и колку работни места се создадени со нив. Во Македонија ново работно место се проценува на инвестиција од 5.000 до 10.000 евра. Која е цифрата за работно место создадено од фондот? (досега знам за 47 работни места, а се фалат како да создале десетици илјади), пишува Милески на Фејсбук и додава:

„Настрана фактот што сдс јавното обвинителство со прст не мрда за очигледните коруптивни зделки преку измама за помагање на сдс апологети преку овој фонд. А тие се неколку во низа, но со време очигледно сите се забораваат. Тоа е целта, нели. Белки има некој што води евиденција“.

Во меѓувреме нови скандали

Освен скандалите во Фондот за иновации, обвинителството треба сериозно да се позанимава со бројни други. Додека челаме разврска за овој, се нижат и низа нови скандали.

Скандали во кои се вклучени лица од владејачката гарнитура има безброј. решени случаи-НУЛА.

Обвинителството е должно пред јавноста да почне да ги решава случаите, без селекција и компромиси.

Извор: Курир.мк

Милески: Се сомневам дека најголемата корупција и промашеност на Заевата Влада оди преку т.н. „Фонд за иновации“

Коментирај