Кратовчанец со ловечка пушка го застрелал соседот, па се самоубил

0
562

Убиство и самоубиство, вчера попладне се случило во кратовското село Луково.

Крвавата пресметка се одиграла во 14,20 часот, кога Г.К. (57) од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А.(66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на лице место.

Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Извор:лидер.мк

Коментирај