Краток психолошки тест : или – или

0
561

Пред вас е еден од најкратките психолошки тестови , кој ќе ги открие вашите основни карактеристики и особености.
Немојте премногу да размислувате , туку инстиктивно одговорете на следниве две прашања :

Што повеќе сакате ?
1. Краставица или домат ?
2. Диња или лубеница ?
Запомнете ги двата одговора.

Резултати :

Краставица и диња
Овој одговор е карактеристичен за мажите . Овој тип на мажи се храбри и сериозни. Многу ретко потпаѓаат под влијание на другите околу нив и не се љубители на алкохол туку на спотр и патување.
Жените покрај овој тип на мажи се чуствуваат заштитени, а одговорноста на мажот се отсликува и на семејните односи. Овие личности знаат што сакаат и многу лесно ја постигнуваат својата цел. Кај овој тип на маж има една маана – не е романтичен. Од него не очекувајте да добиете букет цвеќе.
Жените од овој тип често се шефови, но во семејниот живот потсетуваат на деца : лошо готват, не успеваат да излезат на крај со сметките и слично. Сепак секој маж во овој тип на жена ќе најде верна пријателка полна со разбирање.

Домат и лубеница
Луѓето од овој тип се секогаш весели и активни. Главна карактеристика е големата комуникативност, но често се избувливи што може да доведе до скандал.
Мажите од овој тип се големи гурмани. Знаат да бидат премногу мрзливи.
Жените од овој тип се емотивни, го сакаат домот и обожаваат животни. Покрај нив секогаш ќе се чуствувате пријатно. Многу често го кажуваат тоа што го мислат без задна намера. Искреноста е главна психолошка карактеристика кај овие луѓе.

Домат и диња
Доколку овие се вашите омилени плодови , вие сте урамнотежени, внимателни и мирни. Имате зголемено чувство на осетливост. Сакате убави работи и имате одличен вкус. Мажите од овој тип се во добри односи со својата понежна половина. Често стануваат уметници или математичари.
Жените од овој тип се заљубливи по природа, страствени и постојани. Тие се верни грижливи и нежни, за разлика од мажите кои знаат да бидат нарцисоидни и егоисти.

Најдобри бракови се склопуваат помеѓу :
– Маж краставица – диња и жена краставица – лубеница
– Маж домат – диња и жена краставица -диња
– Маж краставица – лубеница и жена домат – лубеница
– Маж домат – лубеница и жена домат – диња

Коментирај