Кратко упатство за касање по време на секс (18+)

0
1274

Браќа да не се лажеме, жените сакаат да бидат касани додека водат љубов со вас. Еве го и краткото упатство, што ќе ви помогне да оставите подобар впечаток кај партнерката.

  1. Ерогените зони како таргет број еден 🙂 . Касајте ги со усул следните места: задниот дел на вратот, внатрешната страна на бутовите, пределот на карлицата, грбот и газетооо 🙂 .
  2. Со кроце со благо. Стратегијата е јасна, ниту една жена нема да се стопи ако дирекно ја искасате на клиторис. Треба бавно и постепено да стасате до моментот на додатно навлажнување на овој круцијален дел од женското тело.
  3. Немој да касаш кај што ќе ти текне. Не е пожелно за време на касањето да се однесуваш, како изгладнета хиена, која каса кај што ќе и видат очите. Жените знаат да бидат многу незгодни, ако ги чепнеш на некое незгодно место и знаат да ја расипат целата „спортска“ активност, со нивното муртење.
  4. Биди тивок. Додека ја обљубуваш со заби, твојата партнерка сака да се насладува на прифатливи за увото звуци. Ржењето и шумното дишење тип „вепар за приплод фатен на дело“ не доаѓаат во предвид. Сепак не сакате вашата партнерка да си помисли дека сте некаква реинкарнација на џинот-канибал од приказната за „Мачорот в чизми“.

Коментирај