Кралска работа: Вилијам, Кејт, Хари и Меган немаат старателство над сопствените деца

0
348

Меган Маркл и принцот Хари нема да имаат старателство над сопствените деца, исто како што тоа право го немаат ниту војводата и војвотката од Кембриџ. Имено, старателството над децата од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, Џорџ, Шарлот и Луи, законски го има 92-годишната кралица Елизабета II.

Иако тоа дури ни најверните обожаватели на британското кралско семејство веројатно не го знаат, според кралските историчари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон немаат законско старателство над сопствените деца. Тоа нема да го имаат ниту Меган Маркл и принцот Хари.

„Суверената кралица има легално старателство над малолетните внуци“, вели експертката за кралските правила и кодекси, Марлен Кениг. „Така е уште од времето на кралот Џорџ (кој владееше во раните 1700-ти години), а законот никогаш досега не е сменет. Тој го вовел тоа бидејќи имал исклучително лоши односи со синот, идниот крал Џорџ II, па таквиот закон значел дека кралот е старател на своите внуци“, додава Марлен.

Законот пред 301 година, во 1717 година, го изгласале 10 од 12-те судии, кои одлучиле дека „кралските права за надзор се продолжуваат и на неговите внуци и правнуци, а тоа право кралот го има дури и додека таткото на внуците и правнуците е жив“.

Кениг, која има напишано две книги за историјата на британското кралско семејство, како и бројни написи за тоа, вели дека законот повторно е усвоен уште еднаш во 1772 година, кога на власт бил кралот Џорџ III, а оттогаш никогаш не е менуван. Истиот е уште актуелен, а во последните неколку децении влијаеше на начинот на кој членовите на кралското семејство ги одгледуваа и воспитуваа своите деца, особено кога станува збор за патувањата и образованието.

„Кога принцовите Вилијам и Хари беа мали, принцот Чарлс ја прашуваше кралицата дали децата можат да летаат со авион за Шкотска, на што кралицата даде дозвола“, вели Кениг. „Технички, таа требаше да даде дозвола за патување. Кралицата го има последниот збор кога станува збор за такви родителски одлуки“, додава таа.

Во случај на смрт на кралицата Елизабета II, старателството над Џорџ, Шарлот и Луи, или било кои други внуци во палатата, ќе биде пренесено на нивниот дедо, принцот Чарлс, кој тогаш би станал крал.

За среќа, вели Кениг, палатата не прави голема џева употребувајќи го тоа право, па се сомнева дека Чарлс, кого го опишува како доста респектабилен во однос на родителството од неговите синови, било кога би засенил некакви важни одлуки поврзани со неговите внуци.

Извор: taratur.mk

Коментирај