Кралот на модата никогаш не се смее, а сега е јасно и зошто! (ФОТО)

0
414

Познатиот моден дизајнер Карл Лагерфилд важи за модна икона, а во јавноста секогаш се претставува во беспрекорно издание.
Карл на фотографиите е озбилен, препознатлив на неговиот стил, а сега по прв пат покажа широка насмевка.

Имено, на Карл оваа година му припадна честа да ја отвори новогодишната програма во Париз, а за овој настан беше облечен во црна комбинација и имаше темни очила.

Шокот следуваше кога се насмеа и покажа дека ги нема сите заби на број. Ова многумина ги згрози, а фотографиите се раширија на социјалните мрежи со брзина на светлината.

Интересно е дека Лагерфилд (85) неодамна изјави дека води сметка за здравјето и дека се чуствува одлино во деветтата деценија од животот, но се гледа дека не води сметка за своите заби. Или не го посетува својот забар редовно.

Познатиот германски забар го советува Карл што побрзо да го среди “кршот” во устата.

-Очигледно е дека на Карл Лагерфилд му предстои генерален ремонт. Му недостасуваат комплетно нови заби на двете страни. Зошто? Старост или лошо одржување на оралната хигиена.- изјави забарот Филип Гебхердт за германскиот “Билд”.

Коментирај