КРАЈ за НБА на Спортклуб – Од следната сезона ќе ја гледаме само на…

0
412

Познато е дека главните светски спортски настани во Македонија ги гледаме само на соседните канали како што се „Арена Спорт“ и „Спорт Клуб“.

„Спорт Клуб“ ги пренесува и ги има правата за Премиер лигата, Ла Лига, Италијанскиот Куп, португалското првенство како и уште неколку послаби натпреварувања, додека пак „Арена Спорт“ ги има правата за Серија А, Лига 1, Лигата на шампионите…

Но од следната сезона ќе има големи промени, посебно за љубителите на кошарката односно на онаа најквалитетната, НБА лигата.

nba

„Спорт Клуб“ ги загубил правата за пренос на НБА лигата, па така од наредната сезона ексклузивните права за пренос на натпреварите од оваа лига ќе ги има „Арена Спорт“.

На „Арена Спорт“ ќе се пренесува и АБА лигата, додека Евролигата останува да се емитува на „Спорт клуб“.

Сеуште нема официјална потврда од ТВ куќата, но овие најави веројатно ќе се остварат.

Коментирај