Крај на седумгодишната љубов: Абутовиќ со емотивна порака се збогува од Вардар, Скопје и Македонија

0
285

Завршува една вистинска ракометна љубовна приказна, после 7 години минати во дресот на Вардар си заминува Илија Абутовиќ, можеби најдобриот ракометен дефанзивец во светот. Следна дестинација за миленикот на скопската публика е Германија, каде од следната сезона ќе настапува за Рајн Некар Левен.

-Тешко е да напишам било што после седум години, само сакам да кажам дека сум горд што бев дел од оваа генерација на Вардар и горд сум на тоа што го направивме оваа година. И благодарам на Македонија, Скопје, Вардар, им благодарам на навивачите, благодарам на сите што беа дел од ова. Време за ново поглавје во животот. Засекогаш во срцето Вардар, Скопје, Македонија, напиша Абутовиќ на Инстаграм.

Инаку, Абутовиќ беше еден од оние играчи кои беа дел од Вардар и пред да дојде во клубот сегашниот сопственик Сергеј Самсоненко. Од играчите кои во тој период ги бранеа црвено-црните бои се и капитенот Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ и Страхиња Милиќ.

Абутовиќ лани беше еден од клучните играчи во походот кон европската титула која вардарци ја донесоа во Скопје.

Коментирај