Ковачки до Заев: Истиот тој народ, кој за вас најпрвин беше стока, а сега и го опцувте, многу брзо ќе донесе правилна пресуда

0
3621

Го слушнав разговорот на поранешниот премиер. 3 пати го преслушував и не сакав да верувам дека е вистина тоа што го слушам. Дали тоа беше пцовка насочена кон својот народ?

Господа од власта, нашиот народ е питом народ. Нашиот народ е напатен народ. Нашиот народ е изморен од лаги и измами. Досега е лажaн и прелажуван од политичари кои го преведуваа жеден преку вода. И токму од истиот тој народ повторно ќе барате глас на избори. Притоа, лежерно седејќи со друштво, ноншалантно го навредувате и покажувате колку вистински го цените. Со пцовка!

Малку ли го пониживте тој народ со тоа што го сменивте името на неговата држава, иако јасно и гласно ви кажа НЕ? Малку ли ви беше што ги прекршивте скоро сите закони во овие 3 години? Малку ли ви беше што со силување го сменивте Уставот? Малку ли ви беше што го избришавте АСНОМ од Уставот? Малку ли ви беше што на тој народ случајно, или намерно, му ја цензуриравте химната? Малку ли ви беше што го предадовте истиот тој „мултиетнички народ“ со с’шт произход както и Б’лгарскиот? Малку ли беше што тајно и насилно му ги брусите и стругате вековните симболи што тој народ сам си ги создавал? Малку ли беше….

И на крајот, истиот тој народ да го опцуете. Да го опцуете? Срамота! Какво ниско ниво. Па уште и со сарказам коментирате дека тоа било позитивно за вашиот рејтинг. Неверојатно!

Мислам дека гледањето на народот од височина, како да станува збор за некаква си ниска безмозочна гласачка машинерија, е својствено за елитистичката партија на власт, која во најмала рака мора веднаш и без одлагање колективно да се огради од својот фронтмен. Да се извини и да побара прошка.

Истиот тој народ, кој за вас најпрвин беше стока, а сега и го опцувте, многу брзо ќе донесе правилна пресуда. Нашиот народ двапати мери, а еднаш сече.

Фејсбук објава на Драган Ковачки

Нови 4 „бoмби“: Заев кажува на кого сѐ ќе „му еб*л мајката“ и како го ставил СЈО под контрола

Жанета Трајкоска за објавата на Заев: Само што посипавте пепел на се што се случуваше пред неколку години

Мери Николова: Ве мразам Заев – Ќе дојде време, „каменот од блиску доаѓа“

Коментирај