Ковачев: Македонците нека признаат дека Гоце Делчев е Бугарин

0
161

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека Македонија нема право да ја менува историјата ниту идентитетот на бугарските преродбеници и додава дека Гоце Делчев бил Бугарин.

„Тие немаат право да ги менуваат ниту историјата ниту идентитетот на мноштвото на нашите преродбеници Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов…Бараме разбирање. Сакаме да ги охрабриме нивните историчари и политичари да видат недека не е толку страшно“, вели тој во емисијата Лице в Лице.

Секој многу добро знае дека самиот Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, а не како Македонец“, вели Ковачев.

Коментирај