Коцката на Шилегов и крокодилот пубертетлија на Чомбе

0
730

Додека градот Скопје од градоначалникот Петре Шилегов беше спасуван од наездата на искористени пелени во „Скопјанка“, во неговата приватна викендица во Маврово се редат коцките извадени од скопските улици.

Шилегов тоа не го демантираше, бидејќи беше зафатен со плените, а воедно пак директорот на золошката градина можеби ја даде најпеохалната изјава од сите Ѓорѓи Гелетановски, крокодилот Гањо избегал од своето живеалиште зошто бил во пубертет.

Психолошкиот профил на крокодилот Гањо, детално го образложи директорот на скопската золошка градина Гелетановски- Чомбе.

-Крокодилите се млади и во добра кондиција, бидејќи сега влегуваат во пубертет. Тргнал ноќе да истражува. Констатиравме дека оградата треба да се смени, но решивме тоа да го направиме на пролет, бидејќи за кратко ќе заврши сезоната и ќе бидат на затворено. За среќа тој не изел ниту една патка, а зоолошката се уште беше затворена“, вели Галетановски за БИРН.

Очевидци пак тврдат дека операцијата за враќање на крокодилот Гањо се одвивала додека Зоолошката била отворена и имало посетители.

Додека некое дете не биде изедено од крокодилот пубертетлија, граѓаните на шала велат дека цела среќа што крокодилот не е во поодмината возраст, бидејќи така ќе мора да се вози бесплатно во автобусите на ЈСП.

На несоодветноста на кадарот во золошката градина предупреуваше и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Советникот во градот Скопје Светлана Колариќ до градоначалникот Шилегов на една од седниците посочи дека врвот на непрофесионалното работење е постигнато со ставањето на лице кое е познато како обезбедувач по дискотеки за директор на зоолошката градина.

-Новините кои таму се случуваат се добри, како и набавка на нови слонови, но кој ќе раководи со нив, наместо ветеринар човек како Ѓорѓи Гелетановски Чомбе кој важи за обезбедувач и менаџер на дискотеки, истакна Колариќ.

Извор:Курир

Коментирај