Костас А. Караманлис: Ако биде потребно ќе играме на картата на вето за интеграција на соседите во ЕУ

0
451

Ќе направиме сѐ за да се ублажат последиците од Договорот од Преспа, ќе ги заштитиме трговските ознаки и секако, правилно ќе играме, а ако биде потребно и со картата вето за интеграција на соседите во ЕУ, вели министерот за транспорт и врски на Грција, Костас А. Караманлис во интервју за грчкиот весник „Параполитика“, jави дописничката на МИА од Атина.

– Колку и да се обидува СИРИЗА да убеди во спротивното, нашата позиција е цврста: Никогаш немаше да го потпишеме Договорот од Преспа. Сметаме дека е национално штетен, да не речам катастрофален, затоа и направивме сѐ што можевме за да не се изгласа. И сега правиме сѐ за да се ублажат одредени последици, особено да ги заштитиме трговските ознаки на бизнисите од Македонија и секако, правилно да ја одиграме, ако биде потребно и на картата на вето за интеграција на соседите во ЕУ. Тоа е најсилната алатка за притисок што ја имаме во овој момент и сите да бидат сигурни дека нема да ја оставиме неискористена, вели Караманлис. (МИА)

Извор: Курир.мк

Коментирај