Косовар фатен со фалсификувана грчка возачка дозвола на скопскиот аеродром

0
436

Во текот на вчерашниот ден во 05:40 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, Д.Р.(58) од Гњилане, Косово, на пасошка контрола приложил српска патна исправа и грчка возачка дозвола, информираат од МВР.

По извршени проверки било констатирано дека грчката возачка дозвола била фалсификувана. Д.Р. бил приведен и предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Коментирај