Кошаркарките ги почна подготовките за евро-квалификациите

0
163

Во текот на наредните пет македонската женска кошаркарската репрезентација ќе се подготвува за натпреварите од вториот прозорец во рамки на евро-квалификациите.

– Ќе ни недостасуваат Антиќ, Гивенс и Пејковска кои се повредени и закрепнуваат, но тоа не значи дека ќе се предадеме. Ќе го дадеме својот максимум како и на последните два натпревара. Хрватска, мислам дека ни е шансата да дојдеме до првата победа на овие квалификации. Тие имаат добра репрезентација, претежно млада и не е толку искусна како претходните години и тоа е плус за нас. Против Италија ќе се потрудиме да одиграме подобро од тоа што го дадовме од себе на теренот во Скопје, изјави капитенот Анџелика Митрашиновиќ за веб страницата на МКФ.

Првиот натпревар Македонија го игра на домашен терен в сабота (10 февруари) со почеток во 20:45 додека вториот ќе го одигра на гостински терен, на 14 февруари против Италија.

Коментирај