Кошаркарите одлучија: Кој е најдобар на сите времиња, а кој МВП на сезоната!?

0
199

Во анкетата на ,,Атлетик,, кошаркарите одлучија, кој е најдобар на сите времиња, а кој МВП играч на актуелната сезона.

Во гласањето учествуваа 117 кошаркари кои својот глас го дадоа за Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Мајкл Џордан кој доби најмногу гласови од играчите за најголем играч во историјата на НБА-лигата.

Поранешниот член на шампионската генерација на Чикаго булс доби 73% од гласовите. На второто место се најде Леброн Џејмс со 11,9%.

Потоа следуваат: Коби Брајант (10,6), Карим Абдул-Џабар (1,7), Меџик Џонсон, Ален Ајверсон и Кевин Дурант (со по 1%).

basket

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден пак е прогласен за најкорисен играч на сезоната – МВП во истата анкета.

Во неа учествуваа 122 спортисти. За Харден гласаа 44,3%. Втор е Јанис Адетокунбо од Милвоки (38,9%), додека третото место му припадна на Пол Џорџ од Оклахома сити со 12,7%.

Харден оваа сезона настапи на 77 натпревари. Тој оствари просек од 36,1 поен по натпревар, 7,6 асистенции и 6,6 скока.

Коментирај