КОРИСНИ СОВЕТИ: Зошто морате да најдете време за да се грижите за себе?

0
192

Иако сите знаат дека грижата за себе мора да биде високо на вашата листа со приоритети, во пракса се покажува дека туѓите потреби ги ставаме пред своите. Едноставна метафора понекогаш може да направи чуда.

Докторката Венди Трубоу открила што им препорачува на своите пациенти. Таа вели: „Прво погрижете се за себе пред да одите и да трчате да се грижите за другите. Без оглед на тоа дали станува збор за доволно сон, правилно вежбање, храна или медитација, важноста за грижата за себеси мора да биде на прво место.“

Во продолжение прочитајте неколку совети за како подобро да се грижите за себеси:

Спиење: Добриот ноќен сон е еден од најдобрите начини за подобрување на расположението и здравјето. Недостатокот на сон може на многу начини негативно да влијае на личноста, но ако добро се одморите, соното ќе ви даде енергија да живеете исполнет живот.

Вежбање: Вежбањето е одличен на чин за стекнување дисциплина. Ендорфинот и допаминот кои се ослободуваат во текот на вежбањето можат да го подобрат вашето расположение и нивото на стрес и да направат да се чувствувате подобро.

Исхрана: Нашата исхрана има огромно влијание на начинот на кој се чувствуваме и изгледаме. Докторката Трубоу вели дека некои состојки можат да бидат штетни за нашето здравје, па затоа е важно да се одржува нивото на храниливи состојки кои ги внесуваме преку намирниците кои ги избираме.

Медитација: Медитацијата ни овозможува да бидеме свесни за сопствената благосостојба и односите со луѓето околу нас. Медитирајте секогаш кога ќе имате можност за тоа, бидејќи тоа е одличен начин за подобрување на самодовербата.

Извор: СкопјеИнфо.мк

Коментирај