Коректорот стои кротко: Ќе одговара ли сега Заев за изјавата пред банерот со Македонија?

0
2041

Потписникот на капитулантскиот Преспански договор и редовниот коректор на секој што нема да ја спомене „Северна“, Зоран Заев, за време на посетата на Прилеп даваше изјава за медиумите пред банер на „Стопанска комора на Македонија“.

Од „Алфа“ упатија прашање до Владата дали има нешто спорно во потегот на екс-премиерот и дали како поранешен претседател на Влада, има морална одговорност и обврска да избегнува вакви ситуации, кои можеби би предизвикале реакции од јужниот сосед. Досега одговор не добиле.

За потсетување, за истиот овој потег беше разрешена министерката за турд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Собранието ја разреши министерката Рашела Мизрахи поради таблата со натпис Република Македонија

И на таблата во МОН стои Република Македонија: Ќе бара ли Спасовски разрешување на Адеми, како на Мизрахи?!

Коментирај