Конте потпиша нов договор со Челзи

0
493

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте потпиша нов договор со англискиот шампион.

Италијанецот кој ги предводеше „сините“ до шампионскиот трофеј има актуелен договор на со тригодишна важност, а како што наведуваат тамошните медиуми, не се работи за продолжување на договорот, туку подобрување на условите на веќе постоечката соработка.

– Среќен сум поради новиот договор. Заедно работевме да постигнеме нешто извонредно, поради што сум многу горд. Не оечкува уште понапорна работа за да останеме на врвот. Навивачите ми даваат безрезервна поддршка откога сум дојден во Челзи и затоа ми е важно да продолжиме заедно, изјави Конте.

Фудбалерите на Челзи одбраната на трофејот во Премиер лигата ќе ја почнат на 12 август на домашен терен против Барнли.

Коментирај