Конте кажа ДА – го презема Интер?

0
507

Италијанските медиуми веќе неколку дена шпекулираат дека Антонио Конте би можел да се врати во Италија и да седне на кормилото на Интер.

Весникот „Тутоспорт“ денес отиде до таму што тврди дека Конте веќе постигнал договор и им кажал ДА на „нероаѕурите“ кои му понудиле неверојатни 15 милиони евра по сезона.

Медиумите тврдат дека Конте не може да се навикне на животот во Лондон и сака да се врати во Италија и покраф фактот што постигнува одлични резултати со Челзи и е да на добар пат да ја освои титулата.

Интер на маса му ставил четири годишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона, притоа ќе му даде голем буџет за трансфери за да го врати тимот на врвот во Италија и Европа.

Останува да се види како на ова ќе реагира Челзи, со оглед на фактот дека Конте е врзан со договор со „сините“.

Извор: Sportski.mk

Коментирај