Конте, Анчелоти, Раниери и Манчини во трка за италијански селектор

0
179

Четири звучни тренерски имиња се споменуваат како потенцијални наследници на Џамперо Вентура кој доби отказ по неуспешните квалификации за Мундијалот во Русија.

Името на новиот селектор треба да биде познато наскоро, а за ова место ќе се борат Антонио Конте, Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.

Сепак, прво треба да се назначи нов претседател на Фудбалскиот сојуз и тоа го отежнува изборот на нов селектор.

– Ова се имињата со кои ние ќе разговараме. Никој нема предност. Манчини е во Рим, но не сме разговарале се уште со него. Конте со задоволство повторно би го предводел тимот, Анчелоти се двоуми, а Раниери е тука. Ќе со сите кандидати Алесандро Костакурта и јас , изјави комесарот на ФС Италија, Роберто Фабричини.

Коментирај