Конкурс за ликовни и графички илустрации

0
308

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ распишуваат Конкурс за ликовни и графички илустрации за три теми: Македонски народни приказни, Руски бајки и Штурецот и мравките…

Ликовно-графичкиот израз е слободен и е по избор на самите автори, а може да конкурираат заинтересирани автори од сите генерации. Трудовите во неограничен број треба да се испраќаат на мејлот: [email protected].

Рокот за конкурсот е до 30 ноември 2016 година. – Избраните најдобри ликовни и графички илустрации ќе бидат објавени, хонорирани, но и наградени.

Целта на овој Конкурс е да се откријат, афирмираат и презентираат нови ликовни и графички творци во Република Македонија, соопшти „Феникс“.

Извор:cooltura.mk

Коментирај