Конецот на Ариадна: Патот низ сопствениот лавиринт

0
163

Грчкиот мит за конецот на Ариадна ни дава увид добиен уште едно античко време за тоа како можеме на еден креативен начин можеме да го пронајдеме патот низ сопствениот лавиринт. Или, за да станеме свесни кои се нашите врски кои нè ограничуваат и врзуваат, секој еден од нас мора да си дозволи, исто како во грчкиот мит за конецот на Ариадна, да биде вратен до центарот на лавиринтот или да помине преку завесите од чад  кои умот ги прави, за да може да се најде скриената причина за симптомот кој сега и овде се манифестира.

Приказната конецот на Ариадна започнува со Минос, кој станал крал на Крит, кога богот Посејдон испратил голем бел бик од океанот како знак на неговата моќ. Минос ветил дека ќе го жртвува бикот на Посејдон, но кога видел колку е убав бикот го скршил ветувањето па наместо бикот жртвувал помало животно. Посејдон се налутил кога Минос го скршил ветувањето, и решил да го казни со тоа што неговата кралица Пазифа се вљубила во бикот.  Од овој сојуз се роди Минотаурот. Посрамен, Минос му наложил на големиот архитект и инженер Дедал да го изгради лавиринтот за да го смести Минотаурот во него. Лавиринтот бил познат по тоа што бил смртно неизбежен или секој еден што влегува во него бил осуден да биде изеден од Минотаурот.

Подоцна, Минос ја освоил Атина, и побарал како данок секоја година, Атина да испраќа седум девици и седум млади момчиња кои ќе се жртвуваат на минотаурот во лавиринтот.

Тезеј бил синот на царот Егеј од Атина. Приказната на Тезеј е долга и комплексна, и тој е еден од најголемите херои на грчкиот мит, но ние ќе го разгледаме само делот од неговата приказна која го вклучува лавиринтот.

Тезеј доброволно се пријавил да се приклучи на групата млади луѓе кои требало да бидат жртвувани. Отпатувал за Крит, и веднаш штом пристигнал, Ариадна, ќерката на кралот Минос, се вљубила во него. Таа му понудила да му помогне да го освои лавиринтот и да го убие минотаурот, ако се ожени со неа и ја однесе надвор од Крит. Тој се согласил. Тогаш Ариадна му дала топка со црвен конец и Тезеус го одмотувал клопчето додека влегувал во лавиринтот, што му овозможило да го најде патот назад. Таму го нашол минотаурот длабоко во вдлабнатините на лавиринтот, го убил со својот меч и ја следел врвцата назад кон излезот.

Тезеј ја одвел Ариадна од Крит, но потоа го скршил ветувањето дека ќе се ожени со неа и ја напуштил додека спиела на плажата на островот Наксос. Таа помислила дека ќе умре и дека ова е крајот на нејзината приказна, но таму била откриена од богот Дионис, кој се вљубува во неа и ја прави неговата сопруга. Дионис е единствениот сопруг меѓу грчките богови што останаа верен на својата жена !

Ова е сложен и богат мит, со многу поуки и теми што можеме да ги извлечеме, но  ајде да се фокусираме на само на две најзначајни за мене.

Прво: приказната не започнува или завршува со Минотаурот, тој е во срцето на приказната, бидејќи тој е во срцето на лавиринтот! Првото толкување на оваа приказна е дека чудовиштето мора да биде убиено како дел од иницираното патување низ лавиринтот, но мислам дека во овој дел од приказната има нешто повеќе, освен присуството на минотаурот. Зарем чудовишта не се чувари на богатствата кои најчесто во приказните мора да бидат убиени, за да трагателот го извади скриеното богатство надвор на светлина. Кога сме во личен процес и бараме одговор за себе, често пати се чувствуваме како да го бараме патот низ лавиринтот (на умот). Погрешно се вртиме, ги погодуваме ѕидовите, се удираме, се губиме. И најчесто токму тоа  е она што мора да се случи за да го пронајдеме вистинското богатство во центарот на самите себе.

Тоа е вистинската магија на животот. Процесот на автентично свесно и креативно живеење изнесува нови содржини во светот, за нас, но постои чудовиште кое го чува богатството. Ова патување низ лавиринтот по правило мора да биде тешко. “Колку е потешко патувањето и има построги препреки на неговиот пат, толку повеќе ќе се трансформира иницијаторот и ќе се стекне со ново “Јас” во текот на патувањето на иницијацијата”. (Пингвин речник на симболи, Шевајлер и Гегербирант, “лавиринт” влез)

Во нашите внатрешни лавиринти, Минотаурот ја исполнува неопходната улога на чувар. Тој е дел од нас самите, некој кој треба да биде освоен, со цел да се родиме повторно. Нешто што мора да биде убиено пред да можеме да го оживееме нашиот вистински потенцијал.

Вториот дел од оваа приказна што треба да ја погледнеме е улогата на Ариадна. Принцезата на Крит, таа го користи Тезеј за да го напушти својот дом на Крит и да го напушти местото каде што била воспитана за да го најде своето место во животот на друго место.

Одтука излегува изразот“Аријадин конец” кој означува излегување од тешко решлива ситуација.

Вистинскиот херој на оваа приказна е Ариадна, а не Тезеус, бидејќи тука треба да ја бараме мудроста во овој мит. Таа е таа која го избира Тезеј кога ќе пристигне на Крит, користејќи го како алатка за да избега од островот. Таа е доволно паметна да најде начин и да му го каже на Тезеј како да го најде патот и да излезе од лавиринтот.

Односно, само со помош на мудроста, еден  херој може да ја освои наградата и да добие слобода.

Па така, исто како во митот за конецот на Ариадна секој еден од нас треба да се врати назад до коренот на причината, заобиколувајќи ја димната завеса која нашиот свесен ум ни ја поставува како замка.

Не постои човек кој не сака да биде среќен, но луѓето не сакаат било какви промени! Сигурноста на тоа на што се навикнати,  без разлика колку им е тешка или несреќна ситуацијата им е помила, од несигурноста на различното или непознатото. Се разбира има и такви кои сакаат да бидат слободни, но во моментот кога имаат можност да побегнат од својот затвор, тие откриваат дека немаат доволно сила или желба да се тргнат од состојбата во која што се наоѓаат бидејќи ќе треба да се откажат од врзаностите со луѓето, партнерот, децата, поседувањето, желбите, сигурноста или со било кои работи без кои неможат да живеат! Луѓето се способни да направат сè, само да ги заштитат своите несвесни внатрешни одлуки, сонови и желби и ќе се спротистават на било каков обид, кој им укажува дека токму тоа е причината на нивната несреќа или тага.

Токму затоа секој еден треба да дозволи да биде вратен до причината  користејќи го симболот конецот од митот со убавата Ариадна. Оттука, сите што се заинтересирани и сакаат да започнат да истражуват во своите лавиринти можат тоа да го направат на работилницата “Одврзување од врските кои не ограничуваат” која ќе се одржува  на 18.02.2018 на локација Art of Living Bio Shop, бул. „Климент Охридски” бр. 48,  Скопје. Повеќе информации на ФБ Healthy YOGAстраната или на маил [email protected]

Напишал:
Билјана Пешева
www.healthylifeskills.mk
Професионален обучувач за возрасни и јога инструктор

www.hybread.mk

Коментирај