Конечно нови информации за ситуацијата на Синиша Михајловиќ

0
404

Спортската јавност во Италија и регионот веќе некое време беше без информации за здравствената состојба на Синиша Михајловиќ кој во болница во Болоња се бори со леукемијата.

Денес помошникот на Михајловиќ, Емилио Де Лео на конференцијата за медиуми пред гостувањето кај Пиза во Купот на Италија пренесе убави вести.

„Се слушаме цело време и се бори како никогаш претходно. Цело време дискутираме кој ќе биде во стартните 11, а сега не е како претходно.

Јасно е, на крајот тој е оној кој се прашува кој ќе игра“, порача Де Лео.

И покрај густиот распоред на лекување и опоравување Михајловиќ успеал да ги гледа сите припремни натпревари и тренинзи користејќи „лајв стрим технологија“ (пренос преку интернет), а дури и давал инструкции како играчите треба да функционираат на теренот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:sportski.mk

Коментирај