Конечно добри вести и за Милан: Укината казната, „росонерите“ ќе играат во Европа!

0
491

Конечно добри вести и за Милан!

Арбитражниот суд во Лозана после жалбата на „росонерите“ донесе одлука во корист на Милан!

Да потсетиме, Милан во прв момент доби забрана за настап во Европа за една година во наредните две (во зависност кога ќе се пласира). По таквата одлука управата на Милан одлучи да испрати жалбата до судот во Лозана која денес се покажа како одличен потег.

Судот ја прифати жалбата и Милан ќе игра во Европа.

Извор: sportski.mk

Коментирај