Комплетна смена во ИК на ВМРО – ДПМНЕ, двајца кандидати за Генерален секретар

0
2528

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска треба да го избере новиот состав на Извршниот комитет на партијата.

Членовите се избираат на предлог на новиот лидер Христијан Мицкоски а меѓу нив според неофицијални информации ќе нема место за најголем дел од досегашниот ИК и високите претставници на партијата во последниве години.

Единствен сигурен член се смета привремениот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Во врска со позицијата Генерален секретар кој го предлага претседателот Мицкоски а кој самиот беше генсек до пред еден месец во игра се двајца кандидати.

Едниот со помали шанси Спиро Ристовски, кој го организираше вонредниот конгрес во Валандово и вториот, Игор Јанушев, екс директор на ЈСП Скопје кој е главен фаворит за прв партиски оперативец.

Во новиот состав на ИК на партијата се очекува да бидат вклучени и интелектуалци, професори и други експерти и јавни личности.

Според најавите во извршното тело на партијата ќе нема место за најголем дел од екс министрите и актуелните пратеници чии имиња се споменуваа како можни ривали на Мицкоски на конгресот во Валандово.

Целта на ваквите комбинаторики е партијата да се ослободи од негативниот имиџ поврзан со дел од штетните политики со кои се поврзуваше во последниве години.

Паралелно со номинирањето на ИК лидерот Мицкоски изминативе денови водел разговори и консултации за членови на двете нови пафтиски тела – Совети, кои ги формира партијата а кои треба да помогнат во градење и спроведување на новите партиски политики.

Извор: Expres.mk

Коментирај