Комплексен проблем кај повеќето жени,Хирзутизам-зголемена влакнетост кај жените

0
187

Хирзутизам претставува клиничка состојба кај жените, која вклучува зголемена влакнетост со машки распоред. Тоа значи дека се јавуваат влакна во т.н. „андроген-зависна шема“, односно на делови од женското тело каде вообичаено нема или е присутна минимална влакнетост – над горната усна, образите, брадата, измеѓу и на градите, околу ареолите, стомакот, задникот, грбот, внатрешниот дел на бутовите итн.

Се смета дека околу 30% од жените од белата популација страдаат од хирзутизам

Хирзутизмот се јавува како резултат на зголемената продукција на андрогените (тестостерон, андростендион и др.) од адреналните жлезди и од овариумите или поради зголемената осетливост на таргет ткивата на овие хормони.

Најчести причини за појава на хирзутизам се:

Менопауза;

Лекови – миноксидил, андрогени, одредени контрацептивни лекови, гликокортикоиди итн.;

Заболувања на тироидната жлезда – Хипотироидизам;

Заболувања на хипофизата – Акромегалија;

Заболувања на јајниците – Полицистичен оваријален синдром, хипертекоза, тумори;

Заболувања на надбубрежните жлезди – Кушинг синдром, конгенитална адренална хиперплазија, тумори;

Зголемена осетливост на рецепторите за андрогени хормони.

ja

Како што беше споменато, хирзутизмот подразбира растење на густи, цврсти и темни влакна на областите на телото кои кај жените обично не се покриени со лесно видливи влакна – лицето, вратот, градите, стомакот и грбот

Добро е да се спомене дека наведените области од телото кај повеќето жени се покриени со тенки „бебешки“ влакненца кои едвај се забележуваат и дека тоа не е знак на хирзутизам.

Зголеменото присуство на машките хормони кај жените, покрај хирзутизам, може да доведе и до појава на акни, нарушување на овулацијата, инфертилитет и вирилизам.

Вирилизам претставува состојба при која покрај хирзутизмот, се јавуваат и други машки сексуални карактеристики, а женските сексуални карактеристики се во регресија. При вирилизам, кај жената се јавува длабок машки глас, машки тип на ќелавост, зголемување на клиторисот, атрофија на дојките, поагресивно однесување итн.

Хирзутизмот треба да се разликува од поимот хипертрихоза. Хипертрихозата означува зголемена влакнетост на лицето и телото, која не е предизвикана од зголемената продукција на андрогени. Хипертрихозата најчесто се јавува како последица на заболување на кората на големиот мозок, анорексија, гладување, невроза, консумирање на одредени лекови итн.

Поставувањето на точна дијагноза е од исклучителна важност, со цел препишување на соодветна терапија. Потребно е да се земе детална анамнеза и внимателно да се изврши физикален преглед. Покрај другите лабораториски испитувања, неопходно е да се направи комплетен хормонален статус.

Во одредени случаи, потребни се и дополнителни испитувања како компјутерска томографија, магнетна резонанца и ултрасонографски преглед.

Коментирај