Компанијата Атриум на семејството Мукоски добила тендер од УХМР од 3 милиони денари

0
330

Градежната компанија Атриум, во сопственост на семејството на пратеникот Крсто Мукоски, неодамна добила тендер и од Управата за хидрометеролошки работи во вкупна вредност од 3 милиони денари или скоро 49 илјади евра, објави Фокус.

Атриум ДОО од Вевчани и УХМР во јули годинава склучиле 3 договори за реновирање и санација на објектите на метеоролошките станици и полигони во рамки една таканаречена поедноставена отворена тендерска постапка, стои во податоците од Бирото за јавни набавки.

Имено, предметот на набавката бил поделен на 3 дела, при што едниот се однесува за вршење на градежни работи на објектите на метеоролошките станици во Берово и Виница, вториот за метеоролошките станици во Лазарополе и Пожаране и третиот за станиците во Претор и Охрид.

Извор: Република.мк / Повеќе на: Фокус.мк

Милески: Гласаш промена на име на држава, бришење на народ и еве вака те наградува муртинскиот лажов (ФОТО)

Коментирај